Од скоро 2.000 должници УЈП побарува 8,8 милијарди денари

31

Управата за јавни приходи (УЈП) ја објави деветтата листа на должници. На листата се најдоа вкупно 1.979 должници – правни лица (помалку за 34 од претходната листа) и 2.586 физички лица (повеќе за 77 од претходната листа).

Вкупно објавениот нето долг во Листата бр.9/2019 изнесува 8.865.826.256 денари, повеќе за 37.723.027 денари од претходната листа. Нето-долгот за даноци и придонеси изнесува 10.058.805.415 денари (повеќе за 354.004.608 денари од претходната листа), додека долгот за царински давачки е 140.336.131 денари (помалку за 10.350.938 денари од претходната листа).

Лицата кои се најдоа на листата имаат долгови доспеани до 31-ви мај и неплатени до 31-ви август оваа година, по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини, за кои вкупниот износ на долгот е повисок од 120.000 денари за физичките лица и самостојни вршители на дејност и повисок од 300.000 денари за правните лица.

Фото: Pixabay