Од срце за белите мантили

95

Во овие тешки моменти, кога здравствениот систем е соочен со најсилниот бран од пандемијата со Ковид 19, Медикус Хелп како општествено одговорна компанија, како и многу пати досега одлучи со личен пример да даде поддршка и свој придонес на здравствениот персонал кој е во првите редови во оваа борба.

Повеќе од една година, лекарите, медицинските сестри и останатите здравствени работници несебично и неуморно, ризикувајќи го сопствениот и животот на своите најблиски, стојат во првите редови во битката со пандемијата, чувајќи го нашето здравје и спасувајќи човечки животи.

За таа цел, Медикус Хелп по повод седми април, меѓународниот ден на здравјето, под мотото Од срце за белите мантили донесе одлука да донира средства за лична заштита на здравствените работници кои работат во Ковид центрите низ државата.

“Со оваа наша иницијатива која ќе трае во текот на месец април сакаме да покажеме дека со заеднички сили и сплотени во една мисла, можеме да им помогнеме на здравствените работници, да им покажеме дека не се сами, да им дадеме надеж и сигурност и да излеземе како победници во оваа битка со КОВИД-19“, велат од Медикус Хелп.