Од Струмица и Дојран тргна возбудливиот караван Цевитана Bubble Football

17

Bubble football_Dojran_Strumica (1)

Адреналинскиот спортски настан, Цевитана Bubble Football ги одржа првите натпревари во Струмица и Дојран од 15-ти до 19-ти јули.

На возбудливиот турнир се пријавија повеќе тимови кои целосно го уживаа новото фудбалско искуство, на кое носеа провидни фудбалски костими во форма на топка. Интересното е тоа што на овие фудбалски натпревари подеднакво преовладуваат забавата, возбудата и натпреварувачкиот дух помеѓу тимовите.

Во Струмица вкупно 16 екипи во двата дена ги испробаа Бабл топките и се забавуваа, а во Дојран за трите дена вкупно 43 екипи. И во двата града се покажа дека играта е предизвик и за девојките кои во Струмица преку женскиот тим ЖФК Тиверија ги покажаа своите фудбалски способности и спортски дух, а во Дојран се натпреваруваа и мешани екипи.

Цевитана Bubble турнирите ќе продолжат да се одржуваат во текот на целото лето и сите заинтересирани можат да го пријават учеството на својот тим, бесплатно на Facebook фан страницата на Цевитана или пак тоа можат да го сторат и директно за време на настаните што ќе се одржуваат на 24-ти и 25-ти јули во Битола, на 25-ти и 26-ти jули во Прилеп, од 30-ти јули до 9-ти август во Охрид и на 29-ти и 30-ти август во Скопје. Цевитана Bubble фудбал турнирот ги поканува сите спортски клубови да донесат свои екипи и да се пресметаат меѓусебно со Бабл Фудбал.