Од утре во оптек банкнотите од 200 и 2.000 денари

30

200-denari-1-580x287

Народната банка на Република Македонија (НБРМ) од утре (15.12.2016 година) ги пушта во оптек банкнотите од 200 и 2.000 денари.

“Со цел новите апоени соодветно да се вклучат во системот на готовинското работење и заради непречено одвивање на готовинските трансакции, нивното пуштање во оптек е предвидено за 15 декември 2016 година. Во меѓувреме, временскиот период од пристигнувањето на книжните пари до нивното пуштање во оптек ќе се искористи за едукација и запознавање со основните карактеристики и заштитни елементи на книжните пари на вработените во банките и другите финансиски институции. Исто така тоа е време во кое можат да се спроведат и активности за приспособување на софтверските модели на машините за обработка на книжните пари, банкоматите и останатите автоматизирани машини за самопослужување коишто работат со готовина, што ќе овозможи непречена циркулација на новите апоен“, соопштуваат од НБРМ.

Во исто време, се повлекуваат книжните пари со апоенска вредност од 5.000 денари, коишто не се прифатени од пошироката јавност поради високата номинална вредност.