Од утре започнува втората фаза на либерализација на пазарот на струја

19

BF40A512B98D41478910D8CD5CA311E7 Од утре 222 македонски компании со повеќе од 50 вработени и вкупен годишен приход поголем од 10 милиони евра своите потреби за електрична енергија ќе ги задоволуваат на слободниот пазар. Со тоа официјално стапува на сила втората фаза од либерализацијата на пазарот на електрична енергија, која првично требаше да се случи во декември 2012 година, за потоа да биде одложена за јуни 2013 година.
Како причина за одложувањето беше наведено можното поскапување на струјата за тарифните потрошувачи, односно за домаќинствата за кои либерализацијата на пазарот е предвидена од 1 јануари следната година. Со тоа пазарот на електрична енергија во Македонија целосно ќе биде либерлизиран, бидејќи претходно на почетокот на 2008 година беше либерализиран за деветте големи потрошувачи.
Согласно Акцискиот план за либерализација на пазарот на електрична енергија во Република Македонија, претпријатијата кои имаат повеќе од 50 вработени и вкупен годишен приход поголем од 10 милиони евра од утре можат самостојно да учествуваат на пазарот на електрична енергија. Тие беа должни да се регистрираат како учесници на пазарот на електрична енергија согласно Правилата за пазар на електрична енергија и да склучат договор со снабдувач со електрична енергија или трговец со електрична енергија за наредната година најдоцна 30 дена пред денот на стекнувањето на својството квалификуван потрошувач.
Над 115 од квалификуваните потрошувачи веќе склучиле договор за снабдување со електрична енергија со ЕВН Снабдување, а останатите компании со ЕДС (Energy Delivery Solutions).
Веќе е формирана балансна група на компании кои потпишале договор со ЕДС и е доставена до Регулаторната комисија за енергетика.