Од Загрепска берза се повлекоа пет компании

14

zagrebacka_burza_crobex

Откако минатата година Загрепската берза ја напуштија 19 акционерски друштва, во првите четири ипол месеци годинава се повлекоа уште пет компании. Главни причини за повлекување се заокружување на сопственичката структура или заминување под стечај, но и поради несогласување со политиката и праксата на објавување на чувствителни информации, пишува Т-портал.

Од почетокот на годината, од берзата се повлекоа Индустроградња, Хотели Цавтат, Siemens, Центар банка и Диоки.