Оданочете нè и тоа сега – повеќе од 100 милионери упатија апел

123

Повеќе од 100 милионери од светот, собрани околу групите „Милионери патриоти“, „Милионери за човештвото“ и „Оданочете ме сега“, испратија отворено писмо.

Во него тие апелираат до владите да ги оданочат.

„Оданочете нѐ богатите сега“, напишаа тие во писмото, пренесува организацијата Оксфам (Oxfam).

Апелот е упатен по повод серијата предавања „Давос Агенда“ на Светскиот економски форум.

Данокот на имот за најбогатите, според Оксфам, ќе помогне да се намалат нееднаквостите и растечките социјални разлики, како и да се финансира здравствената заштита и образованието.

Во писмото на милионерите се наведува дека светот во изминатите две години претрпел многу, поради пандемијата на коронавирус, дека најбогатите станале уште побогати, а само мал дел од нив плаќаат соодветни даноци.

Во претходната студија, Оксфам дојде до заклучок дека данокот на имотот на милионерите, со само два отсто годишно и пет отсто за милијардерите, ќе донесе 2,52 трилиони долари годишно на глобално ниво.