Одбележани 12 години од постоењето на Адора инженеринг

20

Foto 1

Со промоција на книгата Можеш и ти и Фондацијата Проф. Д-р Ванчо Чифлиганец, со рекордна продажба на 302 станови во 2014 година и извлекување на наградата автомобил Поло, беше одбележана 12-годишнината на Адора инженеринг.

Во 2014-та година, Адора инженеринг оствари рекордна продажба на 302 станови, што е за 11% повеќе од 2013-та година, беше соопштено на  корпоративната прослава на 12-годишнината на компанијата во Александар Палас во Скопје. Пред претставниците на МПЦ, државната и локалните власти, деловните партнери, купувачи и пријатели на Адора инженеринг, беа промовирани книгата Можеш и ти од авторот проф. д-р Венко Андоновски и фондацијата Проф Д-Р Ванчо Чифлиганец.

Сопственикот и генерален директор на Адора инженеринг, проф. д-р Ванчо Чифлиганец, порача дека се што замислил и остварил во животот, издигнувајќи ја Адора инженеринг последните пет години меѓу 25-те најуспешни компании во Македонија и градежен лидер, феномен во Европа и светот.

“Почнав со само еден, стигнав до 300 вработени, почнав со 1.000 м³ бетон, завршив со 120.000 м³ бетон, почнав со 2.000 тони, завршив со 100-тина илјади тони железо, почнав со 40 станбени единици, завршив со 1.600 изградени станови“, истакна д-р Чифлиганец, кој порача дека за успешен бизнис треба да се визија и целосна посветеност на работата, врз што влијае и поволната бизнис клима во државата.

Сите приходи од продажбата на книгата Можеш и ти одат за хуманитарни цели во фондацијата Проф Д-р Ванчо Чифлиганец.

На прославата на 12-годишнината на Адора инженеринг, беше извлечен добитникот на вредната награда автомобил Фолксваген Поло, Тони Крстев од Скопје, купувач на стан од овој градежен бренд во Охрид во 2014-та година.