“Одбројува“ темпирана бомба од стечаи во светот

142

Многу земји ширум светот се обидуваат да ги преземат сите потребни мерки за да им дадат финансиска поддршка на компаниите што се најмногу погодени од коронавирусот, но светските медиуми пишуваат дека светот се соочува со своевидна темпирана бомба од стечаи.

Податоците покажуваат дека бројот на компаниите што се наоѓаат пред стечај е зголемен за една третина. Проценките велат дека бројот на компании што ќе бидат принудени да стават клуч на врата во период од 2019 до 2021 година ќе се зголеми за 35%.

Експертите, исто така, предупредуваат и дека несолвентноста на компаниите ќе го надмине и нивото од кризата 2008 – 2009 година. Најголем број од затворените фирми се очекува да бидат од САД, каде таа бројка може да се искачи за 57% до следната година.

Очекувањата се дека во Бразил ќе има 45% повеќе затворени фирми, додека во Велика Британија тој процент би бил 43, во Шпанија 41, а во Кина 20%.

Фото: Freepik