Одличено смислена промоција – Zoolander 2 на модна ревија

61

ben_owen_valentino За време на претставувањето на новите модели од колекцијата есен 2015, на познатиот моден дизајнер Валентино, манекенките останаа во заден план.

Главните ѕвезди на шоуто беа два познати “модели” од хит комедијата Зулендер – Дерик Зулендер (Бен Стилер) и Хенсел (Овен Вилсон).

Популарните актери се појавија во микс на модели од дизајнерот и сопствени парчиња облека, најавувајќи го второто продолжение од филмот кое се очекува да се прикаже во кино салите во февруари следната година.