Одлични предлози за прошетка низ Македонија

441

Во текот на летото секогаш со голема желба пребаруваме и бираме дестинации за патувањe покрај море, во некој шарен европски град или некаде далеку каде што не сме биле. Целата ситуација ни приреди малку поинакво и претпазливо лето, но од друга страна не натера да ја запознаеме поубаво нашата земја. Кога последен пат размислувавте за одмор на некоја дестинација во Македонија? Колку од езерата, планините и автентичните селца имате посетено?

Grouper оваа година не носи на летување дома. Патување низ дестинации кои ни се добро познати, но и нови вредни за откривање, водич за исполнети денови со истражување на целата околина – езера, сокаци, водопади и сите мали места кои можете да ги посетите. Ова лето и есен сите патувачи имаат шанса да ја прошетаат и истражат Македонија и тоа по супер цени.

Станува збор за кампањата Дестинација Македонија, која се реализира 6-та година по ред и нуди огромен избор на локални патувања по промотивни цени. Кампањата во наредните два месеца на корисниците ќе им ги покаже сите “скриени“ места и активности во нашата земја кои чекаат да бидат истражени и дополнително ќе им докаже дека за добро доживување и авантура не е секогаш неопходен пасош и авионска карта.

Ова е една од најпопуларните и најголеми проекти во реализација на Grouper.mk, од каде подготвија над 70 зделки по примамливи цени за патувања низ цела Македонија овозможувајќи да се посети и искуси најдоброто од земјава.

Кампањата која ќе трае до крајот на септември е дефинитивно посебна по многу нешта, а пред се по големиот изборот на локации и сместувачки капацитети по супер цени. Изборот опфаќа и луксузни хотели, но и вили во природа и на убави планински локации меѓу кои прекрасните Галичник, Берово и Пониква; авантурситички активности како нуркање во Охридско езеро, јавање коњи низ падините на Бистра, адреналинска тура со АТВ мотори на зајдисонце и многу други различни интереси на попуст.

Дополнително сите корисници на домашната платежна картичка од кампањата на владата Купувам Домашно може да ги користат средствата за промотивните патувања во склоп на Дестинација Македонија.

Повеќе информации за кампањата и она што следува може да прочитате на нивниот блог.