
Светскиот економски форум (СЕФ) го одложи состанокот што требаше да се одржи во Саудиска Арабија следниот месец поради актуелните случувања во регионот, објави саудиската државна новинска агенција СПА.
Средбата требаше да се фокусира на глобалната соработка, растот и енергијата, а беше закажана да се одржи во Џеда од 22 до 23 април, објави Ројтерс.
Саудиската агенција соопшти дека одлуката за одложување на состанокот на СЕФ е донесена по консултации со саудиското Министерство за економија и планирање.
Како што е наведено, датумот на новата средба ќе биде навремено објавен.











