Одложено воведувањето на ГПРС фискални апарати за таксистите

21

Управата за јавни приходи на Република Македонија ги известува сите авто-такси превозници дека рокот за воведување и регистрација на фискални апарати со вграден ГПРС уред се продолжува до 31 декември 2018 година.

Ова е согласно Одлуката на Владата на РМ  објавена во Службен весник на РМ, бр.121 од 02.07.2016 година, според која вршителите на авто-такси превоз на патници се ослободуваат од обврската за користење на интегриран автоматски систем за управување до 31 декември 2018 година.