Одобрен законот за помош од 1.900 милијарди долари на американската економија

33

Властите во САД го одобрија законот со којшто се обезбедува помош од 1.900 милијарди долари во услови на пандемија. Со ова еден од најголемите приоритети на новиот американски претседател, Џо Бајден, ќе се најде на гласање во долниот дом на парламентот.

Одлуката доаѓа во време кога САД го преминуваат прагот од пола милиони смртни случаи од коронавирусот, а милиони останале без работа.

Законот би требало да ја стимулира американската економија и да овозможи реализација на предлогот на Бајден да се обезбедат дополнителни пари за вакцина и друга медицинска опрема.

Благодарение на напорите, законот може да биде одобрен во двата дома и испратен кај претседателот на потпис пред 14-ти март, кога истекнува сојузната поддршка за невработени.

Фото: Pexels