Одрон на патниот правец од планинскиот превој Барбарас кон Македонски Брод

49

Поради блокада на граничните премини Блаце и Јажинце од страна на македонските превозници, сообраќајот за сите видови возила е во прекин во двата правци.

Од 11.09.2013 година започнуваат градежни работи на пат, пл.пр. Плетвар, патен правец Градско-Прилеп од 41 до 43 км. Сообраќајот ќе се одвива по две коловозни ленти со поставена соодветна вертикална сигнализација. Работите ќе се изведуваат во временски период од 07.00 до 17.00 часот и се очекува да завршат до средина на следната недела.
Почнувајќи од 29.08 на патниот правец А2 Гостивар-Кичево на планинскиот превој Стража од 1 до 1,5 км во правец на Кичево се изведуваат асфалтерски работи. Извршувањето на работите нема да има влијание при движењето на возилата и истите ќе се изведуваат во работните денови најчесто од 08:00-15:00 или 16:00 часот.
Режимите за сообраќај на тешки товарни возила на државните патишта во РМ се завршени.
На 11.09.2013 година од 17:00 часот на патниот правец од планинскиот превој Барбарас кон Македонски Брод на 33 км, во должина од 3 метри поради одрон (поголема карпа), сообраќајот се одвива по една коловозна лента. АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово-Велес, Маврово-Дебар-Струга, Демир Капија-Удово, Кочани-Делчево и Берово-Виница, каде е можна почеста појава на одрони.
Сообраќајот на сите останати државни патишта низ државата се одвива непречено, пo наместа влажни коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолготрајни задржувања за влез и излез од Македонија.