Одржан меѓународниот научен конгрес ICON BEST 2018

49

Реформите во високото образование се приоритетна и централна тема на глобално академско и политичко ниво, земајќи ја предвид динамиката на бизнисот, технолошките промени и промената на генерации.

Токму оваа тема беше афирмирана  на Меѓународниот научен конгрес ICON BEST 2018 кој се одржа денес на 15.10.2018. Биеналниот конгрес кој е во организација на Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје се организира по шести пат обединувајќи врвни академски и експертски имиња од земјава и странство.

Темата на конгресот Глобална едукација, вештини и компетенции: преку квалитетна бизнис едукација до пресретнување на пазарните потреби, предизвика силно внимание во светот, а е поттикната од предизвикот на рапидно прогресивниот глобален бизнис и несоодветноста на дел од кадрите. Потребата од синхронизирање на академското образование и бизнисот е ургентна и подразбира реформи кои треба да се имплементираат глобално.

Конгресот го отвори проф. д-р Зоран Ивановски, проректор за меѓународна соработка и професор на УТМС кој во клучниот говор истакна:

“Целта на когресот е да се охрабрат научниците да понудат решенија како студентите да добијат најдобри академски основи и пристап кон различни специјализирани знаења во контекст на можноста да станат продуктивни, компетентни професионалци и одговорни граѓани во диверзифицираната и динамична глобална арена.“

На пленарната сесија научно – истражувачко експозе имаа: проф. д-р Зоран Ивановски, проректор за меѓународна соработка и професор на УТМС, проф. д-р Сашо Кожухаров, проректор за наука и декан на Економски факултет на УТМС, проф. д-р Зоран Ивановиќ, професор на универзитетот во Риека, Р. Хрватска и почесен доктор на науки на УТМС, проф. д-р Јасемин Ќосе, декан на Факултетот за економија и административни науки на универзитетот Булент Еџевит, Р. Турција, доц. д-р Благица Новковска, професор на УТМС и проф. д-р Симе Арсеновски, професор на УТМС.

Темите на конгресот беа сегментирани во 8 панели: 1. Туризам, 2. Маркетинг и интегрирани комуникации, 3. Човечки ресурси, лидерство и компетенции 4. Менаџмент, претприемништво и нови технологии, 5. Економија и финансии, 6. Бизнис едукација и обезбедување на квалитет, 7. Политика и правни аспекти на едукацијата и 8. Отворени теми поврзани со бизнис едукација.

Во дел од заклучоците на конгресот се истакна потребата од синхронизација на државните, образовните, корпоративните и граѓанските организации во правец на генерирање на промени и реформи во еден од најзначајните ситеми во општеството – образовниот.

Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје кој годинава одбележи 12 години успешна работа, постојано ја приоритизира науката, истражувањето и соработката со странство, а во правец на изедначување на домашните стандарди за квалитет во образованието со светските