Одржан третиот настан од Програмата за претприемачи во Североисточниот регион

25

sl ku

Минатата недела во Куманово се одржа третата средба на претприемачите од Североисточниот регион во рамки на Проектот на УСАИД за микро и мали претпријатија, кофинансиран од Владата на Швајцарија, а имплементиран од Центарот за развој на менаџери и претприемачи ЦЕЕД Македонија.

Темата на оваа средба беше Финансирање на развојот на вашата компанија, а гости говорници беа Мартин Димитриевски, бизнис советник за средни претпријатија во ПроКредит Банка, Симона Шошолчева, кредитен референт во Развојна фондација Кримсон, Маја Зафировска, претставник од СПМГ. На настанот беа презентирани можности за финансирање на микро и малите претпријатија од страна на трите финансиски институции со различни финансиски производи и услови за истите. Дискусијата беше фокусирана на разликите помеѓу трите типа на финансирање и адекватноста на секој од нив за учесниците.