
Пониските цени на енергијата и отворањето на Кина ѝ помогнаа на светската економија на почетокот на годината, објави Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД), зголемувајќи ја прогнозата за раст, но последиците од построгата монетарна политика се сè повидливи.
Светскиот БДП треба да порасне за три отсто оваа година, проценува ОЕЦД, зголемувајќи ја проценката од јуни за 0,3 процентни поени.
Минатата година, според нивните пресметки, пораснала за 3,3 отсто.
Во 2024 година, активноста треба да порасне за 2,7 отсто, што е за 0,2 процентни поени послабо отколку што проценуваа во јунскиот извештај.
Благодарение на пониските цени на енергијата и отворањето на Кина по укинувањето на пандемиските ограничувања, светската економија порасна посилно од очекуваното на почетокот на годината, истакнува ОЕЦД.











