Додека економскиот раст на земјите од Г-20 во првиот квартал од оваа година беше во просек 0,9 отсто, Турција е земја со најголем економски раст меѓу земјите од Г20 во овој период, со 2,4 отсто, пренесува Анадолу.
Според водечките податоци за економскиот раст за првиот квартал од годината објавени од Организацијата за економски развој и соработка (ОЕЦД), економскиот раст во земјите од Г20 е благо зголемен во однос на 0,7 отсто во претходниот квартал.
Економиите на Г-20 во првиот квартал од оваа година пораснаа во просек за 0,9 отсто во однос на претходниот квартал.
Движечката сила зад економските перформанси беше растот во економиите на Кина и Индија. Кина, Индија, Турција, Саудиска Арабија, Јужна Кореја и Индонезија забележаа поголем раст од вкупниот G20.
Турција е земја со најголем економски раст меѓу земјите од Г20 со 2,4 отсто, потоа Индија со 1,9 отсто, Кина со 1,6 отсто, Саудиска Арабија со 1,4 отсто, Јужна Кореја со 1,3 отсто и Индонезија со 1,2 отсто.
Економијата на Саудиска Арабија закрепна во првиот квартал од оваа година по падот од 0,6 отсто во последниот квартал од минатата година.
Економски раст е забележан во Кина, Јужна Кореја и Турција во однос на последниот квартал од минатата година, а благо е намален во Индија и Индонезија.
Американската економија порасна за 0,3 отсто во првиот квартал од оваа година, што укажува на забавување во однос на растот од 0,8 отсто во претходниот квартал.
Економијата забележа пад од 0,5 отсто во Јапонија и 0,1 отсто во Јужна Африка. Бразил, Велика Британија и Германија се земјите каде е забележано економско закрепнување во првиот квартал од годинава.
Економскиот раст во земјите од Г-20 во првиот квартал од годинава е пресметан на 3,3 отсто на годишна основа. Меѓу земјите од Г20, Индија е земја со најголем годишен економски раст во овој период од 8,4 отсто, а по неа е Турција со 7,4 отсто.
Економијата на Саудиска Арабија се намали за 1,5 отсто на годишно ниво во првиот квартал од оваа година, што ја прави земја со најголема контракција меѓу земјите од Г-20.