Официјално претставен Nissan X-Terra

40

Nissan го претстави темелно освежениот X-Terra SUV модел кој е наменет за Блискиот Исток, а е познат како Terra на останатите пазари.

Nissan X-Terra за моделската 2021 година е базиран на најновата Navara, a во споредба со постоечкиот Terra SUV модел кој се продава на останатите пазари, X-Terra е темелно и целосно унапреден во внатрешноста и надворешноста, иако севкупната форма останува непроменета.

Да не дојде до забуна, ова не е ништо повеќе од фејслифт на Terra, иако станува збор за прилично темелна промена. Предниот дел сега се карактеризира со новата V-Motion решетка, скулптурен браник и нови фарови кои се карактеризираат со модерни дневни светла во форма на С. Купувачите ќе можат да бираат меѓу седум бои на екстериерот, со тоа што палетата вклучува светло кафена и бургунди боја. Ентериерот во меѓувреме има премиум црни и светло сиви материјали, со што се креира повисок амбиент.

Кога веќе станува збор за ентериерот, новиот X-Terra сега ја нуди најдобрата удобност во класата благодарение на Zero Gravity седиштата на предниот и вториот ред, додека акустичното стакло на предното заштитно и страничните прозорци помагаат непосакуваните звуци да се задржат надвор.

Тука е и целосно редизајнираната контролна табла, финиширана во меки материјали. Горниот дел има рамен дизајн, а централната конзола има 9-инчен екран на допир од инфозабавниот систем. Тука се и некои од активните системи за безбедност, каде што врвното Platinum ниво на опременост носи предупредување за напуштање на коловозна лента, предупредување за слепа точка, интелигентно предупредување за преден судир, интелигентно итно сопирање и друго. Исто како и Navara, така и X-Terra исто така го добива најновиот трикрак управувач на Nissan.

Кога станува збор за погонските опции, тука е 2,5-литарскиот четирицилиндричен бензински мотор кој испорачува 165 КС и 241 Nm максимален вртежен момент на сите четири тркала преку седумстепен автоматик. Купувачите кои имаат потреба од „оф-роуд“ ќе бидат среќни кога ќе дознаат дека SUV моделот пристигнува со заклучување на четирите тркала, ограничен диференцијал за пролизгување и електронски заклучлив заден диференцијал.

Nissan X-Terra 2021 ќе се најде во продажба на Блискиот Исток на почетокот од следниот месец. Во овој момент, се уште не е познато дали Terra во останатите региони ширум светот ќе ги доби ревизиите од X-Terra.

Преземено од Avtoplus.mk