Оглас само за најхрабрите – пошта на Антарктикот има потреба од персонал

27

ANTARCTICA_Post_Of_3201550c

Невработеноста е проблем на денешнината што мачи голем број млади лица ширум светот. Еден мошне интересен оглас може да им го привлече вниманието само на најхрабрите. Поштата на Антарктикот има потреба од персонал.

Она што ќе ги очекува таму се екстремно ниските температури и “миризливите“ пингвини. Сите заинтересирани апликанти добиваат предупредување за суровите услови каде што ќе работат, пишува британски Телеграф.

Кандидатите кои ќе бидат избрани ќе поминат пет месеци на островот Гоудаер, кој е голем колку едно фудбалско игралиште, каде што ќе ја селектираат поштата во поранешната британска научна база – Port Lockroy.

ANTARCTICA_SHIP_3201548b

Тие ќе добиваат месечна плата од околу 1.500 евра, а ќе мора да го чистат снегот, да бидат постојано насмеани иако надвор температурата е -15 степени и да издржат цел месец без да се истушираат, бидејќи нема вода.

Во близина на поштата нема постојани жители, па британската Antarctic heritage trust вработува четири лица кои ќе се грижат и ќе работат во поштата во текот на летните месеци, каде што има околу 70.000 писма испратени од патници на бродови што крстарат.

Триесетиседум годишната Џен Купер од Глочестершир, го прифатила предизвикот и работела во оваа пошта пред две години и тврди дека тоа е “животна шанса“.