Оглас за издавање под закуп на Автобуската станица Скопје

41

avtobuska stanica skopje

Градот Скопје објави меѓународен јавен оглас за давање под закуп на Автобуската станица Скопје, што е сместена под Железничката станица. Давањето под закуп ќе се изврши по пат на усно јавно наддавање во просториите на Град Скопје на 30-ти март во 10 часот, во барака број 13 во салата на Советот на Град Скопје, стои на официјалната страна на Скопје.

Основен критериум за избор, како што се наведува, ќе биде највисоката понудена закупнина, при што почетната цена за закуп не може да биде помала од 170 милиони денари, без ДДВ.

Од Град Скопје велат дека Автобуската станица ќе се даде под закуп за период од 15 години, како целосно функционален простор дефиниран со имотните листови.

Краен рок за доставување на документите за утврдување на способноста на учесниците во постапката за усно јавно наддавање е петти март до 14 часот и се доставуваат преку пошта или директно во архивата на Град Скопје во барака број 16.

Оваа година се навршуваат 15 години откако Градот ја издаде под концесија Автобуската станица.