Огнен Оровчанец реизбран за претседател на Агро – бизнис комората во ССК

24

Огнен Оровчанец на редовното годишно собрание едногласно е реизбран за претседател на Агро – бизнис комората при Сојуз на стопански комори на Македонија (ССК).

Оровчанец е сопственик на компанијата Агроунија и претседател на Агро – бизнис комората од 2012 година. Мандатот кој му го доверија компаниите членки за следните две години.

“Довербата и одговорноста која ми ја доверија колегите ме поттикнува со засилено темпо да ја водам Агро-бизнис комората. Продолжуваме да работиме на развивање на сите земјоделски гранки. Континуирано ќе учествуваме во подготовка на законските решенија од областа на земјоделство и ќе алармираме на одредени проблематики во насока на непречен аграрен развој“, изјави Оровчанец.

Според него, во изминатиот период барањата на компаниите адресирани до Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство во голем дел биле прифатени.

На годишното собрание, за заменик претседател на Агро – бизнис комората е избран Горан Ѓорѓиевски, генерален менаџер на Специјал Продукт, а беа изгласани и членови на управниот и надзорниот одбор на Комората.

Во Агро – бизнис коморта при ССК членуваат етаблирани компании од сите сектори од агро – бизнисот.