Ограничувањата на ОПЕК + ја испратија нафтата на повеќе од 80 долари за барел

25

Саудиска Арабија ги намали цените на нафтата за своите главни купувачи, ден откако одлуката на ОПЕК + да се држи до планот за бавно и постепено зголемување на понудата ги зголеми фјучерсите на нафтата. Мерката на државната нафтена компанија „Арамко“, ќе го ублажи ударот врз клиентите на компанијата во Азија, Европа и САД, кои треба да увезуваат повеќе нафта за производство на електрична енергија поради наглиот пораст на цените на природниот гас.

Во понеделникот, ОПЕК +, предводен од Саудиска Арабија и Русија, одлучи да ги зголеми дневните приноси во ноември за 400.000 барели, помалку отколку што очекуваа некои трговци и аналитичари. Најпопуларната нафта во САД, Wests Texas Intermediate (WTI), достигна речиси 80 долари за барел, што е највисока вредност во последните 7 години.

„Арамко“ ја намали цената на нафтата „Arab Light“ за своите азиски клиенти во ноември за 40 центи и во моментов ја продава по 1,30 долари за барел над цената на бенчмаркот WTI. Најголемата светска нафтена компанија ги намали цените за сите видови нафта што ги продава во Азија, Медитеранот и северозападна Европа.

Зголемувањето на цените на нафтата ги намалува маржите што сe уште не се опоравиле од минатогодишниот колапс на побарувачката за гориво предизвикан од пандемијата.

Намалувањето на цената на сортата „Arab Light“ до најниската премија од март се совпадна со очекувањата на пазарот. Саудиска Арабија извезува повеќе од 60% од својата нафта во Азија, со снабдување главно во Кина, Јужна Кореја, Јапонија и Индија. Од почетокот на годината, сортата „Брент“ порасна за повеќе од 60% поради заздравувањето на големите економии и поради тековните ограничувања на производството на нафта, кои земјите на ОПЕК + ги одржуваат. Организацијата, која има 23 членови, го намали производството за речиси 10 милиони барели дневно на почетокот на пандемијата и се уште држи речиси половина од количините надвор од пазарите.

Извршниот директор на „Арамко“, Амин Насер, во понеделникот изјави дека побарувачката за нафта се зголемила за 500.000 барели дневно, бидејќи некои производители и компании на енергија биле принудени да го заменат гасот со нафта.