Огражден од Струмица лани прокнижи добивка од 255.000 денари

44

nemetali-ograzden

Компанијата за неметали Огражден од Струмица во 2016 година работеше со добивка од 255.000 денари, додека на крајот на 2015 година добивката изнесуваше 321.000 денари, стои во билансот на успех објавен на Македонска берза.

Вкупните приходи од продажба, заклучно со 31-ви декември лани, изнесуваа 139.311.000 денари. Од тој износ, на домашен пазар отпаѓаат 95.548.000 денари, додека на пазари во странство се реализирани 43.763.000 денари.

На крајот на 2015 година, вкупните приходи од продажба достигнаа 139.480.000 денари.

Основна дејност на Огражден од Струмица е експлоатација и преработка на минерални суровини.