Охис ја намали загубата за над 62 милиони денари

14

ohis

Поранешниот хемиски гигант Охис прикажа загуба од 532.000 денари за првите девет месеци од оваа година, што е за над 62 милиони денари пониска од истиот период минатата година.

Ова го покажуваат податоците од билансот на успех на компанијата, објавен на Македонска берза.

Во период од први јануари до 30 септември минатата година, Охис прокнижи загуба од 62.856.000 денари. Вкупните приходи од продажба на компанијата оваа година се на ниво од 13.171.000 денари, додека во истиот период лани тие биле 281.000 денари.