Охрид домаќин на Туристичкиот саем Скопје Травел Маркет

20

Охрид ќе биде домаќин на петтиот по ред Туристички саем Скопје Травел Маркет што ќе се одржува од седми до деветти мај, пишува Миа.

Покрај претставувањето на понудите на поголемите хотелски и угостителски капацитети за претстојната туристичка сезона, како град домаќин, на саемот ќе има можност да се претстават и понудите на станоиздавачите од помал обем, занаетчиите, понудите од алтернативниот, пред се руралниот туризам и на другите чинители во оваа стопанска гранка.

Истовремено, предвидено е на саемот да се афирмираат и стратегиите за продолжување на туристичката сезона, преку развој на посебни форми на културен, здраствен, спортски туризам.

На саемското претставување во Скопје досега учество најавиле субјекти од областа на туризмот и угостителството од Турција, Србија и Црна Гора, а се очекува присуство и на претставници од уште десеттина држави од регионот.