Охрид и околината викендов без струја

21

Дел од Охрид и околината утре и задутре ќе останат без напојување со електрична енергија. Прекините ќе бидат утре во периодот од 8 до 16 часот, а во недела од 8 до 18 часот.

Прекинот ќе биде поради изведување работи за модернизација на преносната мрежа, со надградба на заштитно громобранско јаже со интегрирани оптички влакна. Поради тоа далноводите преку кои се снабдува со електрична енергија реонот на Охрид, ќе бидат исклучени.

Без напојување со електрична енергија ќе бидат дел од трафостаниците од кои ЕВН Македонија ги снабдува потрошувачите од овој реон.

Без струја ќе останат и корисниците од населбите: 15-ти Корпус, Илинден, Железничка, Крст Џамија, дел од населба Видобишта во околина на Стобекс, Горна Влашка Мала, Даме Груев, Нова населба Рача , Расадник, Билјанини Изворим, Воска, дел од населба Лескајца, Кошишта, Канео, Варош, Градиште, село Климештани, Рамне, Трпејца, Љубаништа и Св. Наум.