Охридска банка доби нови членови на Надзорниот одбор

61

Гувернерката на Народната банка на Република Северна Македонија, денеска издаде согласност за именување на членови на Надзорниот одбор на Охридска банка АД Скопје од редот на акционерите, стои во соопштението на банката, објавено на Македонска берза.

Членови на Надзорниот одбор на банката ќе бидат: Георг Бухер, Валбурга Зајдл, Ханс Лудвиг Диксер и Славиша Којиќ.

Наведените членови беа именувани со одлука на Собранието на акционери на банката донесена на ден 29.11.2019 година, којашто стапува во сила по издавањето на согласноста од страна на гувернерката на Народната банка.

Мандатот на новоизбраните членови на Надзорен одбор на банката трае четири години.

Со издавањето на согласноста, како што се наведува, престанува мандатот на следните членови на Надзорниот одбор на банката именувани од редот на акционерите и тоа: Жан-Филип Гијом, Ален Жерард Конус и Марија Којчева-Русева.

Фото: Pexels