Охридска банка ги намали каматните стапки на станбените кредити

50

Охридска банка, Societe Generale Group, изврши намалување на каматните стапки на станбените кредити на 6,2% фиксна каматна стапка за првите три години. Овие нови каматни стапки се однесуваат за новоодобрените кредити.

Истотака, банката воведе и промотивна акција во наредните три месеци. Имено, клиентите кои до 12.03.2013 година, ќе аплицираат за станбен кредит со кредитно животно осигурување, ќе добијат кредит со 0% административни трошоци.

За сите клиенти на платен список, кои ќе аплицираат за потрошувачки кеш експрес и компакт кредит за рефинансирање до 31.12.2012 година, Охридска банка ќе ја продолжи промотивната акција без административни трошоци.

Подетални информации во врска со актуелната понуда и промоции, постојните и нови кредитокорисници можат да добијат во експозитурите на Охридска банка.