Охридска банка, Групација Сосиете Женерал го продолжува промотивниот период со атрактивни каматни стапки за новоотворени депозити од програмата денарски Депозит прогрес до 30-ти ноември 2015 година, се вели во соопштението на банката.
“Рокот на Депозит прогрес е една година, поделена на четири квартали, при што секој нареден период носи повисока камата. Каматните стапки се фиксни и не се менуваат за периодот на орочување. Каматната стапка за првиот период изнесува 0,80%, а потоа се зголемува соодветно: 1,90% за вториот период, 2,80% за третиот период и 3,70% за четвртиот период. Дополнителна предност за корисникот е можноста за дополнително вложување износи на основниот влог и, на тој начин, користење на растечката камата за секој вложен износ на Депозит прогрес“, стои во соопштението на банката.