Охридска банка: Исплата на дивидендата за 2016 година ќе започне на 12-ти јуни

18

ohridska-banka

Охридска банка ги информира имателите на обични акции дека исплатата на дивиденда за 2016 година ќе започне на 12.06.2017 година, стои во соопштението на банката.

“Се известуваат сите иматели на обични акции дека банката ќе врши исплата на дивиденда за обични акции во пари со датум на пресек 26.05.2017 година на акционерската книга, според којшто се определува правото на дивиденда за 2016 година“, велат од банката.

Дивидендата во бруто износ ќе изнесува 99 денари по акција.