Охридска банка со предлог одлука за употреба и распоредување на остварената добивка со годишна сметка за 2016 година.
“Нето добивката, остварена по годишна сметка на Охридска банка за 2016 година, во износ од 435.003.451 денари, се распоредува за: задржана нераспределена добивка од 241.583.437 денари, задржана добивка за инвестициски вложувања – реинвестирана добивка од 150.000.000 денари и дивиденда за исплата во износ од 43.420.014 денари“, стои во предлог одлуката објавена на Македонска берза.
Износот на бруто дивиденда по акција, според предлог одлуката за распределба на дивиденда и утврдување на дивиденден календар, е 99 денари.
Датум на пресек на акционерската книга според кој се определува правото на дивиденда за 2016 година е 26-ти мај. Последен датум на тргување со право на дивиденда за 2016 година е 22-ри мај, додека прв ден на тргување без право на дивиденда за 2016 година е 23.05.2017 година.
Исплатата на дивиденда за минатата година ќе започне на 12-ти јуни оваа година.