Охридска банка ќе ја реинвестира ланската добивка

101

Собранието на акционери на Охридска банка донесе одлука за употреба и распределување на добивката на банката остварена со годишна сметка за 2019 година.

“Нето добивката остварена според Годишната сметка на Охридска банка Скопје за 2019 година во износ од 238.542.996 денари се распоредува за: задржана добивка за инвестициски вложувања – реинвестирана добивка од 238.542.996 денари“, стои во одлуката.

Износот на нето добивката од 238.542.996 денари, како што се наведува, се распоредува во задржана добивка за инвестициски вложувања – реинвестирана добивка, служи за развојни цели односно за вложувања во материјални и во нематеријални средства за проширување на дејноста и нема да биде расположлива за исплата на дивиденда на акционерите во иднина.

Фото: Freepik