Охридска банка планира зголемување на акционерскиот капитал со издавање обични акции

41

ohridska-banka-logo

Охридска банка планира зголемување на акционерскиот капитал со издавање на обични акции со право на глас од 12-та емисија по пат на приватна понуда на институционален инвеститор.

“Охридска банка ќе изврши зголемување на акционерскиот капитал со издавање на 77.764 обични акции со право на глас, во вкупен номинален износ од 206.074.600 денари, за институционален инвеститори по пат на приватна понуда“, стои во предлог одлуката објавена на Македонска берза.

Намената на емисијата, како што стои во предлог одлуката, е зголемување на акционерскиот капитал на банката со нови уплати од страна на постоечкиот акционер Сосиете Женерал од Париз, заради одржување на соодветно ниво на стапка на редовен основен капитал и стапка на основен капитал, како и заштитните слоеви на капиталот.

Номиналната вредност на една акција изнесува 2.650 денари, додека вкупната номинална вредност на акциите што се запишуваат изнесува 206.074.600.000 денари. Продажната вредност на една акција изнесува 5.536 денари, додека вкупната продажна вредност на акциите што се запишуваат изнесува 430.501.504 денари.

Запишувањето и уплатата на акциите ќе се врши во седиштето на банката во Скопје, во рок од 15 календарски дена од конечноста на решението за одобрување на емисијата од страна на Комисијата за хартии од вредност.

Сопствениците на обичните акции со право на глас ги имаат овие права: право на глас во собранието, право на исплата на дел од добивката – дивиденда и право на исплата на дел од остатокот од ликвидационата, односно стечајната маса на банката.

Купувач на акциите од 12-та емисија е институционалниот инвеститор – банката Сосиете Женерал со седиште во Париз.