Охридска банка прокнижи добивка од 577,2 милиони денари за една година

26

Охридска банка Сосиете Женерал минатата година работеше со добивка од 577.200.000 денари, покажува билансот на успех објавен на Македонска берза.

На крајот на 2017 година, банката прикажа добивка во висина од 351.019.000 денари.

Нето приходите од камати на крајот од 2018 година, како што стои во Коментарот за остварените резултати, изнесуваат 1.170,9 милиони денари и во однос на истиот период минатата година се намалени за 11,4 милиони денари или за 1% со реализација на планот од 94,4%.

Нето приходите од провизии и надоместоци, во износ од 316,2 милиони денари, е зголемен за 35,5 милиони денари, или за 12,6% во однос на истиот период минатата година, со реализација на планот од 103%.