Охридска банка првиот квартал го заврши со добивка од 101,1 милиони денари

15

ohridska-banka

Првиот квартал од оваа година за Охридска банка Сосиете Женерал заврши со добивка во висина од 101.101.000 денари, покажува билансот на успех објавен на Македонска берза.

Истиот период претходната година, добивката на банката изнесуваше 115.137.000 денари.

Нето приходите од камати, од јануари до март 2017 година, изнесуваа 290.117.000 денари, додека една година претходно беа на ниво од 266.998.000 денари. Нето приходите од провизии во првите три месеци од оваа година достигнаа 61.770.000 денари.