Охридска банка: Растечки и гарантирани каматни стапки за денарски депозити до 36 месеци

26

depozitprogres

Традиционално во октомври, месецот на штедење, Охридска банка Сосиете Женерал подготви понуда за своите клиенти кои сакаат да штедат во денари и евра, стои во соопштението.

Со Депозит Прогрес клиентите за орочување на средства добиваат растечки и гарантирани каматни стапки во денари и евра согласно избраниот период на штедење. Депозит Прогрес е производ од портфолиото на Охридска банка Сосиете Женерал, којшто на клиентите им нуди можност за избор на различен рок на депозит, гарантирани и фиксни каматни стапки, кои во зависност од периодот на орочување на средствата, прогресивно растат по периоди: за средства орочени на 12 и 24 месеци, каматните стапки растат во четири периоди на секои три односно шест месеци, додека за средства орочени на 36 месеци, каматните стапки растат во шест периоди, односно на секои шест месеци. Со оваа понуда, клиентите кои ќе се одлучат за денарски депозит на 12 месеци, добиваат растечка каматна стапка во последниот период до 3,25%.

Клиентите пак, кои ќе ги орочат своите средства во денари на 24 месеци, добиваат растечка каматна стапка до 4% во последниот период на орочување. Следствено на тоа, за денарски депозити на 36 месеци, на крајот од периодот клиентите ќе добијат каматна стапка до 4,75%. Додека пак вложувањата во евра на 36 месеци, добиваат растечка каматна стапка којашто во последниот период достигнува каматна стапка од 2,75%. Минималниот износ на влог изнесува 15.000 денари, односно 250 евра, а клиентот добива можност и за дополнителни вложувања до максимални 6.000.000 денари, или 100.000 евра за девизните депозити.

Дополнително, на клиентите им е на располагање и уникатната услуга на пазарот за осигурување на депозит – Депозит Плус Осигурување, којашто им овозможува на клиентите да ги осигураат сите денарски депозити.