Охридска банка: Сигурно имаш бизнис идеја за награда од 10.000 евра

24

capture

Охридска банка Сосиете Женерал, водејќи се од принципите на тимски дух, иновација, посветеност и одговорност, денеска официјално го започнува проектот наречен Чиста 10-ка, со којшто има цел да остави значаен белег и важен придонес кон заедницата, стои во соопштението.

Проектот Чиста 10-ка е наменет за сите студенти и млади државјани на Македонија на возраст од 18 до 35 години, кои имаат претприемачки дух, креативен пристап и желба да аплицираат со своја нова и остварлива бизнис идеја. Сите заинтересирани можат да учествуваат во Чиста 10-ка индивидуално или во тим со максимум четворица учесници. Аплицирањето се врши онлајн, на веб страницата www.cista10.mk, во делот Аплицирај, каде што треба да се пополнат неколку групи прашања на англиски јазик коишто ќе ја презентираат структурата на самата бизнис идеја.

Конкурсот Чиста 10-ка е отворен за апликации од 21-ви септември, а ќе трае сè до 22-ри октомври 2017, 23:59 часот.

“Како дел од нашата стратегија да бидеме прв избор на банка, препорачана од страна на клиентите и банка којашто ги поддржува младите и заедницата, а по повод одбележувањето на 10-годишното присуство на глобалната банкарска групација Сосиете Женерал во Македонија, годинава го реализираме проектот Чиста 10-ка. Од секогаш сум верувала дека младите се тие што можат да го променат светот, да воведат новини кои можеби другите на почеток не ги разбираат, но на крајот добиваме едно подобро место за живеење. Поради тоа, ги охрабруваме сите млади, креативни и иновативни луѓе да земат учество и да ни ја испратат својата уникатна и остварлива бизнис идеја, со којашто на крај сите ќе се гордееме. Најдобрата бизнис идеја ќе биде наградена од страна на Охридска банка Сосиете Женерал со износ до 10.000 евра. За нас како банка, Чиста 10-ка претставува императив во работењето, но истовремено и придонес кон општеството, мотив и поддршка за младите потенцијали на оваа земја, како и поддршка на целокупното стопанство на земјата.“, изјави Бранка Павловиќ, претседател на Управниот одбор на Банката.