Охридска банка со добивка од 399,4 милиони денари во 2015 година

29

ohridska-banka-580x219

Охридска банка прикажа добивка од 399.416.000 денари за период од први јануари до 31-ви декември, покажува неконсолидираниот и неревидиран биланс на успех, објавен на Македонска берза.

Истиот период во 2014 година, банката оствари добивка за финансиската година од непрекинато работење во висина од 261.770.000 денари.

“Нето приходите од камати на крајот од декември 2015 година изнесуваат 991.000.000 денари и забележуваат пораст од 14,8% во споредба со остварените нето приходи од камати во 2014 година, со реализација на планот од 101,2%“, стои во Коментарот за остварените финансиски резултати објавен на Македонска берза.

Во текот на 2015 година, како што се наведува, нето приходите од провизии и надоместоци изнесуваат 262 милиони денари и во однос на 2014 година се зголемени за 35,7 милиони денари или 15,8%.

“Банката останува насочена кон постигнувањето одржлив и профитабилен раст со освојување дополнително пазарно учество во таргетираните пазарни сегменти, крупни домашни и меѓународни претпријатија, добро позиционираниот дел на мали и средни претпријатија, индивидуални и ВИП клиенти вработени во добростоечки претпријатија, вработени во јавна администрација“, стои во Коментарот.