Охридска банка со добивка од 435 милиони денари во 2016 година

10

ohridska-banka

Охридска банка Сосиете Женерал во текот на 2016 година оствари добивка во висина од 435.003.000 денари, додека една година претходно таа изнесуваше 399.416.000 денари, покажува билансот на успех објавен на Македонска берза.

Нето приходите од камата во 2016 година изнесуваа 1.155.162.000 денари, додека на крајот на претходната година на оваа сметка имаше салдо од 991.030.000 денари.

“Нето приходите од камати на крајот од декември 2016 година изнесуваат 1.155,1 милиони денари и забележуваат пораст од 16,6% во споредба со остварените нето приходи од камати во минатата година, со реализација над планот од 11,5%. Приходите од камати се зголемени за 79 милиони денари или 5,4%“, стои во Коментарот за остварените резултати.

Нето приходите од провизии и надоместоци изнесуваат 270.218.000 денари и во однос на 2015 година се зголемени за 8,2 милиони денари или 3,1% со реализација на планот од 87,3%.