Охридска банка со есенска промоција на Депозит Прогрес

53

ohridska banka

Традиционално во октомври, месецот на штедење, Охридска банка Сосиете Женерал подготви атрактивна понуда за своите клиенти кои сакаат да штедат во денари. Од денеска до 26-ти ноември, клиентите кои ќе ја одберат опцијата Депозит Прогрес добиваат одлични услови за штедење во денари, односно зголемени растечки и гарантирани каматни стапки согласно избраниот период на штедење.

Депозит Прогрес во денари е производ од портфолиото на Охридска банка Сосиете Женерал, којшто на клиентите им нуди можност за избор на различен рок на депозит, гарантирани и фиксни каматни стапки, кои во зависност од периодот на орочување на средствата, прогресивно растат по периоди: за средства орочени на 12 и 24 месеци, каматните стапки растат во четири периоди на секои три односно шест месеци, додека за средства орочени на 36 месеци, каматните стапки растат во шест периоди, односно на секои шест месеци.

Со новата понуда, каматните стапки на денарскиот Депозит Прогрес се зголемени, па така, клиентите кои ќе се одлучат за денарски депозит на 12 месеци, добиваат растечка каматна стапка во последниот период до 4%. Клиентите, пак, кои ќе ги орочат своите средства во денари на 24 месеци, добиваат растечка каматна стапка до 4,50% во последниот период на орочување. За денарски депозити на 36 месеци, на крајот од периодот клиентите ќе добијат каматна стапка до 4,75 %.

Минималниот износ на влог изнесува 15.000 денари, а клиентот добива можност и за дополнителни вложувања до максимални 100.000 евра во денарска противвредност.

Дополнително, на клиентите им е на располагање и уникатната услуга на пазарот за осигурување на депозит – Депозит Плус Осигурување, која им овозможува за две евра месечно да го осигураат својот денарски депозит.

Есенската промоција во Охридска банка Сосиете Женерал е достапна за сите нови депозити во денари.

Depozit Progres.jpg