Охридска банка со отворен повик за практикантска работа

21

ohridska-banka

Охридска банка Сосиете Женерал нуди можност за реализација на студентска пракса.

“Доколку сте редовен студент на додипломски или постдипломски студии и барате можност да се стекнете со професионално искуство во областа на банкарството и финансиите, ова е одлична можност за вас“, порачуваат од Охридска банка.

Преку студентската пракса, како што се наведува, на практикантите им се нуди: можност да стекнат вистинско професионално искуство; менторски принцип на работа од вистински професионалци; корпоративно делување и можност за вработување.