Охридска банка воведе промотивни услови за кредитите за население до јануари

14

 

ohridska-banka

Охридска банка воведе промотивни каматни стапки кај кредитите за население, со едноставен концепт на осигурување, стои во соопштението на банката.

“Охридска банка, групација Сосиете Женерал одобрува кредити со кредитно животно осигурување, со намалени промотивни каматни стапки: станбен кредит со камата од 4,75% фиксна за првите пет години, хипотекарен кредит со камата од 6% фиксна за првите три години, кеш експрес кредит со камата од 5,90% фиксна за првата година и компакт кредит за рефинансирање со камата од 6% фиксна за првите две години“, се вели во соопштението.

Клиентите што аплицираат за станбен и хипотекарен кредит со кредитно животно осигурување имаат можност да изберат помеѓу основниот пакет на осигурување, со кој за 0,44% осигурителна премија, се покрива ризикот од смрт како резултат на несреќа и целосниот пакет за кредитно животно осигурување, со кој за 0,85% годишна осигурителна премија, се покрива ризикот од смрт како резултат на несреќа и болест, како и ризикот од трајна и целосна загуба на способноста како резултат на несреќа. Целосниот пакет, покрај апликантите за станбен и хипотекарен кредит, е достапен за сите други кредитокорисници.

Промотивните услови важат за сите нови апликации за кредит до 31 јануари 2016 година.