Охридска банка воведува промотивни денарски депозити со камата до 4,90%

18

ohridska-banka

Охридска Банка Сосиете Женерал воведува нова и атрактивна промоција ‒ зголемени, растечки и гарантирани каматни стапки на денарски депозити за сите оние кои ќе одлучат да штедат и да ги орочат своите средства на 12, 24 или 36 месеци, стои во соопштението на банката.

Промотивно, Охридска Банка Сосиете Женерал ги зголеми каматните стапки на денарските депозити кои дополнително и прогресивно растат по периоди, односно на секои три или шест месеци, во зависност од времетраењето на орочувањето. Имено, клиентите, кои ќе се одлучат за денарски депозит на 12 месеци, добиваат растечка каматна стапка на секои три месеци од 1% во првото тримесечје до 3,50% во последните три месеци.

Следствено на тоа, за денарски депозит на 24 месеци, висината на каматната стапка расте од 1,20% во првите шест месеци до 4,25% во последните шест месеци. А, за денарските депозити на 36 месеци каматната стапка почнува со 1,40% во првите шест месеци и достигнува атрактивни 4,90% во последните шест месеци од штедењето. Дополнителна придобивка за клиентите е што каматните стапки се фиксни и гарантирани за целиот период на орочување. Минималниот износ на влог изнесува 15.000 денари, а клиентот добива можност и за дополнителни вложувања до максимални 100.000 евра во денарска противвредност, при што условите за штедење не се менуваат. Промоцијата е збогатување на придобивките на денарскиот депозит Прогрес ‒ веќе постоен производ од широкото портфолио на производи и услуги на Охридска Банка Сосиете Женерал.