Охридската банка ги објави добитниците од наградната игра за чист град

19
????????????????????????????????????

dobitniciПо повод иницијативата за чист град и еко средина, Охридска банка Сосиете Женерал на 23 февруари 2018 година, во Дирекцијата на Банката ги додели наградите од наградната игра „За чист град пазари со нашата Мастеркард“ наменета за сите иматели на картички. Официјалното извлекување на добитниците на награда се одржа на 21.02.2018 година, во просториите на Банката, во присуство на трочлена комисија, составена од двајца вработени во Банката и овластен нотар.

Според правилата, право на учество во наградната игра имаа сите клиенти на Охридска банка Сосиете Женерал, иматели на дебитните картички Маестро и Мастеркард стандард дебит, со кои што требаше да се направат најмалку 20 трансакции од кои што минимум една трансакција направена со Мастеркард стандард дебит картичката за физички лица со можност за бесконтактни плаќања.

Благодарение на оваа иницијатива и на успешната наградна игра, денес има 70 нови велосипеди на улиците низ Македонија што освен што ќе го подобрат урбаниот лик на населените места и градовите, туку ќе делуваат и локално за почиста околина.

Имињата на добитниците можете да ги прочитате овде.