Оилко оствари добивка од 30,9 милиони денари во првото полугодие

13

oilko-580x386

Компанијата Оилко од први јануари до 30-ти јуни оваа година прикажа вкупна сеопфатна добивка од 30.934.000 денари, покажува билансот на успех објавен на Македонска берза.

“Во извештајниот период, компанијата прикажа добивка пред оданочување во висина од 34,7 милиони денари, односно добивка по оданочување од 30,9 милиони денари, што е зголемување од 33% во однос на минатата година, кога компанијата оствари добивка од 23,3 милиони денари“, стои во Образложението на промените во финансискиот резултат.

Вкупните приходи од продажба во првото полугодие достигнаа вредност од 185.937.000 денари. Од нив, на домашен пазар е реализирана продажба вредна 165.585.000 денари, додека остатокот од 20.352.000 денари е остварен преку извоз.

Основна дејност на Оилко е транспорт и дистрибуција на нафтени деривати.