Оилко прокнижи добивка од 63 милиони денари

17

oilko

Компанијата Оилко КДА во текот на 2015 година оствари вкупна сеопфатна добивка во висина од 63.057.000 денари, покажува неревидираниот и неконсолидиран биланс на успех објавен на Македонска берза.

Една година претходно, компанијата прикажа добивка од 23.674.000 денари.

Вкупните приходи од продажба на крајот на минатата година беа 410.228.000 денари. Поголемиот дел или 386.379.000 денари е остварен на домашен пазар, додека на странски пазари се реализирани 23.849.000 денари.

Основната дејност на Оилко е транспорт и дистрибуција на нафтени деривати.