Околу 150 милиони евра загуба поради откажаните виенски балови

16

Февруари е месец на традиционалните балови што се една од симболиките на австриската престолнина. Но овој пат нема ништо од гламурот, елеганцијата и грациозноста бидејќи е откажана сезоната на балови поради пандемијата.

Виенските балови се важни за школите за танцување во градот, но и за целокупната економија. Според податоците на градските власти, минатата година околу половина милиони луѓе учествувале во виенските балови, од кои 10% дошле од странство.

Секој од учесниците потрошил во просек околу 290 евра за влезници, свечени фустани и одела, фризури, пенливо вино…, што е приход од околу 150 милиони евра.

Фото: Pixabay