Околу 750.000 британски пензионери не сакаат да плаќаат претплата за ВВС

25

Околу 750.000 британски пензионери одбиваат да платат претплата за британскиот јавен сервис.

ВВС не се согласува да ја укине претплатата за лица постари од 75 години, а незадоволните сочинуваат околу 14% од вкупниот број на жители во Велика Британија.

Тие не сакаат да одговорат на предупредувањата и опомените што им ги испраќа јавниот сервис.

ВВС се соочува со минус од околу 117 милиони фунти доколку повозрасните Британци одбијат да платат претплата во износ од 157,50 фунти.

Фото: Freepik